| |
за подароци.
Есма одамна живее во демократија,
прифаќајќи го пазарното стопанисување и во културата и ништо не и е
неостварливо затоа што е голем работник и квалитет. Несомнено дека таа
е исцело граѓански ориентирана интелектуална личност и сигурно има
тешка болка на душата, не само заради предвременото заминување на
Теодосиевски, туку затоа што живее во општество кое мака мачи да сфати
вакви личности и големини и да им возврати барем со трошка љубов.
Можеби Есма затоа и ги пружи рацете кон Васил Тупурковски кога тој
изјави “Сите сме Македонија!” наоѓајќи во тоа трошка надеж дека кај
нас нешто сепак ќе се смени.
Автор: Дарко Марковиќ
-
Албумот на Есма "Queen of the Gypsies"
е избран помеѓу 20-те најдобри албуми според
"World Music"
-
Над 15.000 концерти одржани
во светот, над 2.000 концерти во хуманитарни
цели,
-
586 дела на плочи,
касети и ЦД-а од кои 2 платинести, 8
златни и 8 сребрени плочи,
-
краток документарен филм
"Запеј Македонијо", (1968)
-
8 часа
видео материјал за МТВ,
-
награда "20 ноември" со Стево
Теодосиевски,
-
Златен и Сребрен медал од Јосип
Броз Тито за ширење на
културата во СФРЈ и во светот
-
Кралица на ромската музика на
целиот свет (1976),
-
награда на УНИЦЕФ
(во Белград,
Југославија)
-
награда "13 ноември"
-
Примадона на Европското пеење
1995 (единствена како народна пеачка)
-
над 2.000 благодарници за
хуманитарна дејност,
-
Златен медал
"Милениумска пејачка"
во Москва (меѓу 83 земји),
-
пее на 20 јазици,
-
има
изгледано и воспитано 47 деца кои се сега истакнати граѓани
и уметници во земјата и светот,
-
од светската организација на
Ромите, подржана
од македонските и меѓународните Лајанс клубови
и 50-на невладини, хуманитарни и организации од
областа на културата, уметноста,
естрадата и женските движења
во Македонија и од балканските земји за
севкупните хумани, добротворни,
културни и уметнички остварувања
посветени на мирот, човекољубието,
толеранцијата и разбирањето меѓу
народите и земјите, без разлика на нивната
национална, етничка,
верска припадност ја номинира за еден од кандидатите за
Нобелова награда за мир за 2002 година
|
|