ПРВА СТРАНА
БИОГРАФИЈА
ФОТО ГАЛЕРИЈА
АУДИО ГАЛЕРИЈА

РЕПЕРТОАР

КОНЦЕРТИ
ПРОДУКЦИЈА
МУЗИЧКо училиште
МУЗЕЈ
ХУМАНИТАРНИ АКТИВНОСТИ
НОВОСТИ
КАЛЕНДАР
КОНТАКТ
 


Есма за "Свет"
Ексклузивно интервју на Есма за престижното српско списание
"Свет" по повод нејзините хуманитарни активности, нејзината номинација за Нобелова награда за мир, дуетите со младите и популарни колеги од Македонија и нејзиното мислење за српската естрада.

 


Есма во Лондон
Во недела, 09 февруари, во "Equinox discotheque" во Лондон, Есма одржа исклучително успешен концерт заедно со својот цигански оркестар.

 

 

 

 

Есма повторно заминува од Скопје
На турнејата по земјите на Бенелукс (Вечер, 19.02.2002) - Кралицата на Ромите и на македонската народна песна, Esma Redzepova, продолжува да ја освојува Европа и публиката на стариот континент. Големата дама, по спектакуларната и успешна изведба на озборуваната манифестација “Golden Ladybird”, продолжува по успешниот пат. За неколку дена таа заминува на концерти во Холандија, Белгија и Луксембург. Есма ќе остане таму 10 дена и ќе одржио ист број на соло концерти. На програмата ќе бидат нејзините песни од поновите ЦД-а кои популарната пејачка ги издаде за домашниот и странкиот пазар, а на прво место, ќе го промовира ЦД-то "Шае Шукарие”, за кое постои огромен интерес во медиумите. Оваа турнеја ќе биде пратена од камери на ТВ станиците од овие земји, а снимките ќе бидат дополнително прикажани. Се надеваме дека Есма, како што господ ја создал за песни и концертни спектакли, ќе го повтори она што скоро се случи во Загреб во салата "Лисински", кога направи вистински "бум"!

Есма го освои Загреб
(Вест, 8.01.2002) - “Таква силина на изведба, таква моќ да се соберат луѓе кои ја слушаат и измешувањето на публиката во една целина, некогаш тоа го поседуваше Едит Пиаф”.
Со овие зборови репортерот на загрепскиот неделник  “Глобусго опиша неодамнешниот концерт на легендарната Есма Реџепова во главниот град на Хрватска, Загреб. Ромската кралица пееше во концертната хала  “Ватрослав Лисинскиво Загреб на 27 декември, минатата година. Во полната сала, помеѓу разновидната публика, според зборовите на репортерот на Глобус”, биле и познатите хрватски имиња: Дражен Врдољак, Саша Залепугин, Северина, Рене Бакаловиќ, Борис Леинер, но исто така и ромски господа во скапи одела, млади парови со деца, постари госпоѓи во вечерни костими, голем дел од хрватскиот театарски свет и други различни групи на луѓе...
Есма с епојави на бината облечена во македонска народна носија. "Постои некаква магија во силината и бојата на нејзиниот глас”, забележува репортерот на "Глобус" и додава: “додека ја слушате, барем еднаш си помислувате - или ќе пеете вака или не пејте воопшто”.